ПЕРВЕРЗНА СТРАТЕГИЈА НА „ЅВЕРОТ“: Секогаш се обидуваат да го кршат духот на Македонците пред државни и верски празници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нарачателите на сценариото за дестабилизација и поделба на Македонија, подолго време практицираат одредена перверзна стратегија на спроведување на сценаријата со кои се негира Македонскиот идентитет или се започнува со проект за дестабилизирање на државата, исклучиво на битни датуми или големи верски празници

smilkovsko

– Не случајно оваа криза има и одредена хронологија. Јас да ве потсетам странците некаде мај 2015 година го измислија Диво Насеље, меѓутоа тогаш безбедносните сили на Македонија беа на висина на задачата и го спречија. Тоа е се во функција на сето ова кое сега ни се случува, да се даде завршниот удар на Македонија. Некаде по повод 14-годишнината на рамковниот договор, од „ѕверот“ преку ДУИ беше нарачана кај Питер Фејт една анализа на рамковниот договор, и таа анализа Македонските власти тогаш ја спречија, не заживеа. Таа анализа ако ја видите на рамковниот договор, ги содржи истите елементи на сегашната платформа. – вели Јанко Бачев, екс-агент на ДБК и додава дека кога „ѕверот“ (САД) воочил дека на тој начин не можат да ја рушат државата, инкорпорираат Македонска партија да ја спроведе стратегијата за голема Албанија, објавувајќи ја албанската платформа на Божиќ.

– Смилковско езеро се случи на Велики Четврток, платформата од Тирана се изгласа на Божик, дали во пресрет на Велигден можеме да очекуваме одредена ескалација на Македонската политичка криза? Сите работи, сите настани, сите сценарија кои се правени во минатото ни кажуваат дека едно такво сценарио е многу реално и многу извесно во рамки на Р.Македонија. Бидејќи ако некој сака да го скрши духот на Македонските граѓани тоа го прави пред некои државни или пред некои верски празници – додава новинарот Васко Ефтов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This