April 30, 2024, 10:30 am

Песков: Слепа русофобија се обвинувањата за хакерски напади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва не е вмешана во хакерски напади врз американски владини тела и компании, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Русија не е вмешана во такви напади, ниту во овој. Ние го тврдиме ова официјално и цврсто“, истакна Песков, пренесува ТАСС.

Според портпаролот на Кремљ, сите обвинувања за руска вмешаност се апсолутно неосновани и веројатно ќе бидат продолжение на слепата русофобија што се користи во случај на каков било инцидент.

Тој истакна дека дебатата за хакерски напади се зголемува во САД, бидејќи тие станаа жртви на овој хакерски напад.

„Дефинитивно, оваа дискусија нема никаква врска со нас“, потенцира Песков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This