April 28, 2024, 12:26 am

„ПИЛОТОТ“ ОД АРАЧИНОВО БИЛ И ВО ВЛАДА?: Дали Заев лично му ветил дека ќе се вработат 300 арачиновци како пилоти?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој кого лаже или веќе излажал, ова е прашањето кое логично е да се постави по објавувањето на демантот од страна на СДСМ во кој се наведува дека никој во Арачиново не ветил вработување на 300 пилоти. Сепак членот и активист на СДСМ како што може да се види од фотографиите, тврди поинаку дека тој присуствувал кога луѓе од СДСМ ја дале својата „беса“.

Билали: Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилото од Арачиново.

Новинар: Ми рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти?

Билали: Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажиш на човек, ќе одиш пилот. Се лучило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по амбасадите и да бараат визи и да си одат сите од тука.

„Пилотот“,, Шаби Билали кој ја даде својата изјава за ТВ 21 на својот Фејсбук профил има десетици фотографии на кои ја изразува својата поддршка за СДСМ.

На една од фотографиите на денот кога СДСМ на 8 октомври 2017-та година го организираше централниот митинг во Скопје за време на локалните избори тој се гледа како е фотографиран пред Владата па се поставува прашањето дали можеби лично Заев при средба со него му ветил дека ќе вработи 300 арачиновци како пилоти.

На друга фотографија пак Билали се гледа како е зад заштитината ограда на митингот на СДСМ што упатува дека тој можеби бил ден од огранизацијата на митингот што пак упатува дека високо котира во структурите на СДСМ.

Во соопштението на СДСМ партијата упатува низа на навреди кон својот член кого го нарекува личност со сомнителен кредибилитет кој шири лаги.

-Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет, кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ, велат од СДСМ и додаваат дека апелираат до медиумите да ги проверуваат изнесените информации и на тој начин да дадат придонес во бробата против лажните вести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This