Владиката Пимен кој е познат по својата духовитост и неконвенционалност денеска се пошегува со пратеникот Крсто Мукоски.
Владиката на МПЦ одговара на прашањето зошто како епископ Европски не отишол на средбата со папата по повод денот на Кирил и Методиј.
“Кога ме прашувате зошто оваа година не бев во делегацијата за Рим и Ватикан, запрашајте се искрено дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвори врата”, пишува владиката Пимен.
Крсто Мукоски во јавноста стана познат откако на 27 април ја отвори вратата од Собранието по што тoлпaтa влезе внатре.
Тој годинава беше во собраниската делегација која се сретна со папата.