ПИСМОТО НА САМСОНЕНКО ГИ ОБЕДИНИ ВАРДАРЦИ:

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога непосредно пред натпреварот со ПИК Сегед од четвртфиналето, Сергеј Самсоненко со долго писмо на клупската веб страница ја извести јавноста дека заминува од Вардар и дека проектот завршува, многумина го искритикуваа дека го погрешил моментот на објава.

Сепак, Русинот толку силно ја мотивира и сплоти екипата, што Вардар најдобрите изданија ги сочува за веднаш по таа негова објава. Го декласира ПИК Сегед, а во Келн одигра две незаборавни партии во два дена и стана европсски првак по вторпат во својата историја.


Сега јавноста се прашува – ќе се предомисли ли Сергеј или навистина ќе си замине од РК Вардар? Се појавија надежи по интервенцијата на Михајло Михајловски и обидот да се задржи ростерот за следната сезона, па сега сите очи се вперени во Самсоненко.

Со Русинот на чело, Вардар воспостави хегемонија во СЕХА лигата, а сега го оствари она што му успеало само на Кил откако се игра овој формат на Лигата на шампионите – да стане европски првак двапати во три години!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This