ГРУЕВСКИ: СДСМ планираат зголемување и на данокот на добивка и на придонесите и тоа планираат да го прават постепено,за да не ги шокираат граѓаните оддеднаш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на Битола, тој таму на новинарско прашање одговараше за новата даночна политика која што ја најави Владата на СДСМ. Тој кажа дека секое зголемување на даноците се одразува негативно на економијата и ова сигурно ќе се одрази така.

-Тие во својата програма имаат најавено зголемување на персоналниот данок на доход, но и од медиумите и од некои други извори иформиран сум дека планираат зголемување и на данокот на добивка и на придонесите и дека тоа планираат да го прават постепено, не оддеднаш. Значи за да не ги шокираат граѓаните оддеднаш со поголемо зголемување на повеќе даноци, планираат постепено, за луѓето помалку да имаат можност тоа да го почуствуваат. Тоа ќе биде многу лошо прво за компаниите, за инвеститорите, затоа што ќе си влоши условите за работа, ќе ги зголеми нивните трошоци и ќе ги присили да ги намалат инвестициите, штом ги намалат инвестициите практично ќе дојде и до намалување на нови работни места, изјави Груевски.

Тој кажа дека целта на намалувањето на даноците беше да се привлечат инвестициите и да се отворат поголем број на работни места и во тоа се успеа. Македонија според неговите зборови, стана држава со најниски даноци во светот, значи број еден во светот со ефективна даночна стапка од 7,4 проценти и тоа стана еден вид бренд за Македонија, почна да се зборува во светот на инвеститорите, вклучувајќи ги и крупните инвеститори, за Македонија како земја со најниски даноци.

-Почна да биде нешто препознатливо за нашата држава во светот на бизнисот и неслучајно почнаа да доаѓаат многу инвеститори. Тие не доаѓаа само заради тоа, доаѓаа и заради другите услови што ги нудиме,но една од компонентите што ги привлекуваше беше тоа што имавме најниска даночна стапка од 7,4 проценти која што е сублимат на сите даноци што постојат во Македонија. Штом ќе почнат да се зголемуваат даноците, практично ќе ја изгубиме таа придобивка, односно ќе изгубат инвеститорите и тие ќе го намалат интересот за инвестирање во Македонија, како странските така и домашните или пак ќе ги одлагаат инвестициите, ќе се воздржуваат, ќе одат на помали инвестиции, сето тоа ќе значи помалку работни места, изјави Груевски.

Тој кажа дека даночната политика која ја имаше Владата на ВМРО-ДПМНЕ отвори 172 илјади нови работни места во Македонија.

-Ние со оваа политика отворивме 172 илјади нови работни места, ако порано имаше 560 илјади вработени во Македонија, сега има за 172 илјади повеќе вработени, што значи таа политика даде добри резултати. Ако нешто даваше перфектни резултати, тоа беше даночната политика и јас не можам да го разбрам СДСМ зошто одат да го рушат тоа што даваше најмногу резултати, по прашањето што луѓето најмногу ги интересира, а тоа е невработеноста, изјави Груевски.

Тој кажа дека покрај тоа зголемувањето на даноците ќе ја намали и конкурентноста на компаниите, затоа што ќе се зголемат трошоците, каде што влегуваат и даноците. Со што според зборовите на Груевски тие ќе станат помалку конкурентни како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Тој кажа дека има и други причини поради кои тоа ќе направи многу штети.

-Зголемувањето на даноците не мора да значи дека ќе има повеќе приливи во буџетот, тоа многу често ја зголемува и сивата економија, а сивата економија може да значи и намалени приходи во буџетот, така што ако имаат планови дека со тоа сигурно ќе им се зголемат приходите, тоа е нестабилна, трула даска, не мора да значи дека така ќе биде, изјави Груевски.

Тој кажа дека не само што нашата земја со намалувањето на трошоците станала поконкурентна, нашите производи поконкурентни, не само што станала атрактивна за инвеститорите, туку имало и други придобивки, како што е намалувањето на даночната евазија. Бидејќи даноците биле ниски, а казните високи, па не сакаа фирмите да ризикуваат, кажа Груевски, што според него сега нема да биде така.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This