Платенички пара-милитарни формации ќе се соочат со санкции од ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕУ е подготвена да санкционира осум лица и четири ентитети поврзани со рускиот приватен воен изведувач Вагнер, според нацрт-документите што ги пренесува „ПОЛИТИКО“.

Тајната платеничка група првпат привлече меѓународно внимание во 2014 година кога ги поддржа проруските сепаратисти во источна Украина. Оттогаш, таа е вклучена и во други конфликтни зони, вклучително и во Сирија, Судан, Мозамбик и Централноафриканската Република (ЦАР).

Западните власти сметаат дека групата е поврзана со рускиот безбедносен апарат, иако Москва постојано негира каква било поврзаност со неа.

Овој потег доаѓа во време на висока тензија помеѓу Москва и Западот, бидејќи Русија премести илјадници војници блиску до границата со Украина, според документите кои ги објавија службите н САД.

Министрите за надворешни работи на ЕУ минатиот месец им наложија на официјалните лица да подготват санкции против Вагнер. Министрите за надворешни работи се очекува да дадат зелено светло за мерките, кои вклучуваат забрани за патување и замрзнување на имотот.

Групата се очекува да биде санкционирана за нејзините активности во Украина, Либија и Сирија, како и за кршење на човековите права, според информациите на „ПОЛИТИКО“.

Дипломатите на ЕУ велат дека очекуваат реакција од Москва на санкциите, но не очекуваат ништо сериозно. Тоа е така, затоа што Кремљ отсекогаш негирал каква било поврзаност со Вагнер, тешката реакција би го поткопала тоа тврдење, велат тие.

Франција беше движечката сила зад потезите за санкционирање на Вагнер, поради загриженоста за активностите на групата во Африка.

Во октомври, група експерти на ОН за платеници и човекови права изјавија дека цивилите, вклучувајќи мировници, новинари, хуманитарни работници и малцинства во Централно-африканската Република „биле насилно малтретирани и заплашувани од таканаречените „руски инструктори“ од Вагнеровата група.

На списокот на лица кои ќе бидат санкционирани се платеници и поранешни членови на рускиот безбедносен апарат вклучени во групата. Тие се обвинети за злосторства вклучувајќи „тортура и вонсудски, скратени или самоволни егзекуции и убиства“ и сите се руски државјани.

Тројца од Русите и еден ентитет треба да бидат цел на механизмот за санкции за човекови права што ЕУ го воведе минатата година.

Таа мерка веќе беше искористена за таргетирање на четворица руски функционери обвинети за кршење на правата поради затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и уште двајца руски функционери обвинети за прогон на ЛГБТ+ лицата во јужниот руски регион Чеченија.

Тројца платеници на Вагнер треба да бидат санкционирани поради активност во Украина. Во еден од документите на ЕУ се вели дека тие „поддржале акции и спроведувале политики, кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Советот на ЕУ „смета дека две лица вклучени во воените операции на групата Вагнер во Сирија, како и три компании кои имаат корист и го поддржуваат сирискиот режим“ треба да бидат санкционирани.

Еден руски платеник е цел и е опишан како „вклучен во дејствија кои го загрозуваат мирот, безбедноста или стабилноста на Либија и кој има блиски врски, вклучително и финансиски, со Вагнер групата“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This