Плаќajте вие комyнaлии: Само во Чаир 8 илјади барања за легализациja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Со законот за легализација на дивоградбите, државата ќе им даде можност на оние кои граделе без дозвола, да ги легализираат своите објекти. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека во неговата општина има над 8 илјади апликации за легализација на објекти. Според него доколку помине овој закон, се очекува бројот драстично да се зголеми“-објави ТВ21.

„Има над 8 илјади апликации. Над 65% ги имаме решено како предмети. Сега со новиот закон доколку се усвои, сигурно ќе очекуваме нови апликации. Не можеме да прејудицираме колкав ќе биде бројот. Што се однесува до дивоградбите од различен тип, евидентирани се 41 и ние започнавме постапка за тие објекти“, истакнува Висар Ганиу.

„И градоначалникот на Бутел вели дека во неговата општина има над 100 приватни куќи кои се дивоградби.

Законот помина во Собрание, но Претседателот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот. Доколку пратениците по втор пат го усвојат истиот закон, Претседателот рече дека ќе мора да го потпише и покрај тоа што има бројни забелешки.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пред неколку дена истакна дека Владата не се откажува од целта за изнаоѓање начин за легализација на илјадниците дивоградби со што веруваат дека ќе се реши проблемот на граѓаните кои немале финансиска можност ги легализираат нивните објекти“-пишува ТВ21.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This