ПЛОМБИРАНИ ВРАТИ ВО СОБРАНИЕТО: Пратениците почнаа да се враќаат, ходниците се чистат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камери, стативи со кои беа вршени нападите, јакни, мобилни телефони од медиумските работници се зад запечатените простории. Причината за запечатувањето е зашто треба да се изврши полициски увид на местото каде што имаше најмногу физички напади.

македонско_собрание_чистење_насилство__1_

Агенција задолжена за одржување на хигиената е ангажирана утрово во македонското Собрание, при што се чистат скалите, холот, плочките каде што минатиот четврток се случуваа нереди и немили сцени. Салата за прес-конференции, пак, во која се случи нападот врз пратениците на СДСМ и натаму е запечатена.

Во просторијата каде што се случија најголемите тепачки сè уште е растурено, а останата е опрема од медиумите кои во времето на нападот беа присутни во салата. Камери, стативи со кои беа вршени нападите, јакни, мобилни телефони од медиумските работници се зад запечатените простории. Причината за запечатувањето е зашто треба да се изврши полициски увид на местото каде што имаше најмногу физички напади.

македонско_собрание_чистење_насилство__2_.jpg

Во Собранието од утрово се појави Емил Димитриев, чии службени возила и придружба беа паркирани пред главниот влез во собраниската зграда. Во законодавниот дом се појавил и Талат Џафери.

За денеска не е закажана пленарна седница. Последната седница што се одржа беше продолжение од конститутивна седница, а се одржа во четвртокот. Таа беше прекината од страна на Трајко Вељаноски непосредно пред да почнат нередите.

македонско_собрание_чистење_насилство__3_.jpg

Пратениците на СДСМ и на албанските партии, околу 18 часот во четвртокот, од нога самите решија да го изгласаат Талат Џафери за претседател на Собранието. Нивното гласање ВМРО-ДПМНЕ го оцени за нелегитимно зашто нема записници ниту евиденција колку пратеници биле присутни во салата и колкумина од нив гласале за изборот на Џафери.

Спротивно од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и албанските партии и натаму тврдат дека изборот на Џафери е легитимен. Самиот Џафери најави дека денеска ќе седне на претседателската позиција во Собранието. Како би се реализирало тоа, не е јасно, со оглед дека експерти тврдат дека изборот на Џафери не е во согласност со Деловникот и со Уставот.

 

 

Извор: Телеграф мк

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This