Плaтитe глaвeн пpoблем: Heзaвиcниот cиндикaт зa обpaзование утpe излeгyва нa пpoтecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независниот синдикат за образование и наука утре од 13.00 часот до 14.00 часот, пред зградата на МОН, ќе одржи протест.

Претседателот на НСОН – Томислав Гиевски, преку пресконференција ќе се обрати до медиумите со цел да ја запозне широката јавност за Барањата на НСОН и проблемите со кои се соочуваат просветните работници.

Оттаму велат дека и покрај повеќето обиди за воспоставување дијалог, со цел да бидеме сослушани, ние, просветните работници кои сме синдикално обединети во Независниот синдикат за образование и наука- НСОН, избравме својот револт поради игнорантскиот однос на надлежните и своите барања кои се засновани на позитивните законски одредби во државата да ги изнесеме во форма на протест.

Барањата на синдикатот се следни:

Исплата на плата за просветните работници во согласност со Колективниот договор ;

Исплата на платите согласно со Закон и Колективен договор, најдоцна до 10-ти во месецот ;

Исплата на додаток на плата за наставниците кои работат со двојно зголемен фонд на часови ;

Исплата на регрес за годишен одмор од кој просветните работници моментално се изземени ;

Организиран превоз, месечна карта за јавен превоз или месечен надоместок за патни трошоци за просветните работници кои патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина;

Трансформација на работниот однос на просветните работници кои во континуитет се вработени две или повеќе години.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This