ПОВЕДЕНА ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА ФИЛИПЧЕ: Тендерите го заглавија Филипче во кривична истрага за криминал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението од ОЈО, предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

ОЈО, како што се посочува, ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид кривични дела

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This