- Advertisement -
Поради зголемен интензитет на сообраќај и проток на возила на граничниот премин Табановце, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ).
Причина за тоа, како што е добро познато е масовното заминување на македонски државјани на имунизација против ковид-19 во Србија.
Во текот на вчерашниот ден, прва доза од вакцината во Србија ја примија околу 1.100 бизнисмени и 4.000 граѓани на Македонија.