Повторно кopoна во македонската Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов случај на заразен од коронавирус се појави во Владата на Република Македонија. Инфомакс дознава дека се работи за вработен во Генералниот секретаријат на Владата со кој што раководи Драги Рашковски, односно најблиската соработничка на Генералниот секретар на Владата.

Според нашите информации едно од лицата со кое вработената го дели бирото се уште оди редовно на работа со што го загрозува здравјето на останатите вработени во Владата. Изворите на Инфомакс од Владата велат дека вработените стравуваат за своето здравје поради непочитувањето на мерките за борба против коронавирусот од страна на структурите блиски до Драги Рашковски и ги загрижува фактот што вработените кои имале контакт со заразената не се во изолација.

Дополнително ваквото дрско непочитување на мерките го загрозува и здравјето на целиот државен врв и неговиот капацитет за носење на клучни одлуки во овие тешки времиња

Нашите информации велат дека на овој начин Рашковски се обидува да ја задржи контролата во Владата односно преку своите луѓе да наметнува влијание и моќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This