ПОВТОРНО ОПОЖAPEH АВТОМОБИЛ ВО ШТИП: Нapко бaнди жapaт и пaлат низ градот под Исарот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автомобилите на поранешниот висок функцинер во МВР Љупчо Тодоровски, на пратеникот Хари Локвенец, на бизнисменот Штерјо Наков, на архитектот Златко Тодоров, но и на сопругата на екс шефот на УБК Миле Зечевич, се дел од познатите личности чии автомобили гореа во 2018-та година.

-„Во текот на месец декември 2018 година на територијата на Р. Македонија, регистрирани се 25 случаи, во кои опожарени се 27 моторни возила (24 патнички моторни возила, две товарни моторни возила и еден трактор)“, велат од МВР.

Во 2016 имало 32 намерно запалени автомобили, во 2017-та имало 56, а во првите три месеци од 2018 имало 20 намерно запалени возила.

Палењето или автомобили најчесто носи печат на организирани криминални групи кои имаат цел да испратат порака до своите жртви, предмет на уцена или рекет пари, а некогаш се палат возила во пресметки меѓу мафијашки групи, изјави поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски на 7 јануари за Телма.

Скопје не е единствен град во Македонија каде оваа појава не е реткост па така пред една недела неколку возила беа запалени во Штип, тренд кој за жал продолжи оваа недела.

Во штипската населба Сењак, на улицата „Борис Крајгер“ минатата недела беа опожарени пет возила, од кои три целосно, а две делумно. Меѓу автомобилите кои беа опожарени беа и оние на семејството Тушеви. Опожарени веа возилата на братот и таткото на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева која е сопруга на советникот на Зоран Заев за европски интеграции Бојан Маричиќ.

Семејството Тушеви побрзаа да ја обвинат опозицијата за ваквиот чин, но чаршиските „муабети“ велат нешто сосема друго. Имајќи го во предвид тврдењето на експертот Ѓурчевски возилата најчесто се палат за испраќање на порака до жртвата која неретко е предмет на уцена, рекет, а понекогаш и како чин на пресметка помеѓу мафијашки групи се поставува прашањето дали можеби станува збор за нешто многу посериозно од партиска пресметка.

Како што веќе кажавме новата недела во Штип повторно мирисаше на запалена гума, запален е автомобилот марка Мерцедес во сопственост на Веби Џевахир во близината на пазарот.

На Фејсбук се огласи и сопственикот кој вели:

-Добро утро од Штип, запалија ми мерцедесо да ме натераат да купа масерати.

Порталот Аперкат , неофицијално пренесува дека трендот на запалените возила се должи како последица од големи нарко банди кои жарат и палат низ градот под Исарот. Која е вистинската причина веројатно ќе покаже истрагата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This