April 27, 2024, 10:17 pm

Повpeдено едно лице: Детали за сообраќајката на патот Делчево – Пехчево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа што вечерва се случи во близина на село Црник, потврдија за МИА од пехчевската брза помош која интервенирала на местото на несреќата. Сообраќајот на патот Делчево – Пехчево, пак, кој беше во прекин поради сообраќајката, е нормализиран.
Сообраќајната несреќа, како што информираа возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистерски таблички и две со македонски регистерски таблички. Возачите очевидци како причина за сообраќајката го наведуваат можното одбегнување на одрон по што дошло до судир на возилата.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа најавија во текот на утрешниот ден

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This