Талибанците забpaниja одгледување на афион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанските лидери кои бараат признание од меѓународната заедница откако ја добија власта во Авганистан, им порачаа на земјоделците да престанат да одгледуваат афион, изјавија жителите на делови од земјата каде што ова е главен извор на приходи.

Поради ова, имаше зголемување на цените на афионот низ целата земја, пишува „Волстрит Журнал“, а пренесува Спутник.

Цветовите од афион се користат за производство на хероин.

Претходните денови, претставниците на Талибан почнаа да собираат селани од Кандахар, провинцијата со најмногу производство на афион, за да им кажат дека посевите, кои беа главен дел од локалната економија, сега ќе бидат забранети.

Овој потег дојде откако портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид, на 18 август изјави дека новата влада на Авганистан нема да дозволи трговија со дрога.

Муџахедините тогаш не дадоа детали за тоа како исламистичката група имала намера да ја воведе забраната.

Локалните земјоделци во провинциите Кандахар, Урузган и Хелман изјавија дека цената на непреработениот афион се зголемила тројно, па наместо 70 долари, поради неизвесноста за идната продажба, килограмот сега чини 200 долари.

Во северниот град Мазар-е-Шариф, цената на опиумот е двојно зголемена.

Талибанците, според западните влади, веќе долго време се еден од главните профитери кога станува збор за нарко пазарот, користејќи дрога за финансирање на 20 годинишниот бунт.

80 проценти од светскиот илегален извоз на опијати потекнува од Авганистан, а сезоната на садење афион започнува за еден месец, објави Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This