Подготвеноста на Македонија да прифати бегалци од Авганистан топ вест во грчките медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изразената подготвеност на Македонија и на Албанија, да примат цивилно население од Авганистан, предизвика големa бура кај грчките медиуми во текстовите објавени на нивните онлајн изданија.

„Македонија ќе прими цивилно население Авганистан“; „Заев: Македонија ќе прифати цивилно население од Авганистан“; „Македонија и Албанија подготвени да примат бегалци од Авганистан“; „Албанија, Косово и Македонија ги отвораат вратите за авганистански бегалци“, се дел од насловите на текстовите во кои грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на премиерот Зоран Заев.

Македонија изрази подготвеност да го прифати барањето на САД за да прими цивилно население од Авганистан. Премиерот на земјата Зоран Заев изјави дека Македонија ги информирала САД дека е на нивно располагање за да помогне во прифаќањето на граѓани од Авганистан – пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Албанија, Косово и Македонија, по барањето од САД, изразија подготвеност привремено да примат неодреден број авганистански политички бегалци кои ја напуштија земјата откако Талибанците ја презедоа контролата над главниот град – пишува онлајн изданието на весникот „Документо“.

За последните случувања и ситуацијата во Авганистан, во интервјуа за грчките медиуми говореше министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, кој изјави дека Грција е соодветно подготвена за да избегне голем мигрантски бран и додаде дека земјата не може одново да помине мигрантска криза како во 2015 година.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, денеска ќе учествува на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, преку неговиот официјален „Фејсбук“ профил коментираше дека единствено решение е динамична регионална иницијатива на ОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This