Зоран Заев го подели директорскиот колач со Али Ахмети и Билал Касами за диреторксите места до вторник ога ќе се бираат поголем дел од нив, останува да ги прецизира уште позициите на помалите коалициски партнери.
Синоќа паднал договор и со Беса со кои преговорите беа заглавени подолг период. Агенцијата за вработување, Железници транспорт, како и Агенцијата за акредитација на здравствени установи, како и Агенцијата за поддршка на претприемништво.
Споредвисок партиски функционер на БЕСА во директорските фотелји ќе седнат луѓе на Билал Касами. Дополнително, според истиот функционер, на хоризонтално ниво, Беса ќе добие по некоја подрчна единица или пак институција што се наоѓа во култура, труд и социјални работи, МВР.
Сепак, првиот рок на именување на директори според информациите ќе ја прескокне пратеничката тројка Лукаревска, Зеќири и Kадрија, бидејќи поради тенкото мнозинство мора да чекаат заразените со коронавирус да се вратат од изолација, за да можат да бидат верификувани нивните наследници, откако ќе дадат пратенички оставки.
Извор: ТВ 24