Под притиcok на САД и Литванија на рускиот амбасадор му врачи протecтна нота поради надворешната политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Литванија го покани амбасадорот на Русија во Вилнус, Алексеј Исаков, со цел да му предаде писмена реакција во која тие го изразуваат своето негодување за надворешната политика на Русија, објави литванското Министерство.

„За време на состанокот беше изразено неодобрување на надворешната политика на Русија, како и во врска со кршењето на човековите права. На состанокот се разговараше за длабоката загриженост на Литванија во врска со зајакнувањето на руската воена моќ во близина на источната граница на Украина и нелегално припоениот Крим, обидот за труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и неговото незаконско затворање, агресивните активности и неприфатливото однесување на меѓународната арена, вклучително и штетни сајбер напади. обиди да се влијае на изборите во САД и другите земји, како и да се финансираат активности насочени против американската армија во Авганистан“, се вели во документот.

Да потсетиме, вчера Соединетите држави објавија дека ќе воведат санкции за шест руски технолошки компании, како и ќе протераат десет руски дипломати.

После тоа, Министерството за надворешни работи на Велика Британија го повика рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин заради „непријателско однесување“ на Русија, а Министерството за надворешни работи на Полска објави дека прогласи за персона нон грата тројца вработени во руската амбасада во Варшава , додека британските власти ја обвинија странската разузнавачка служба Русија дека стои зад кибер нападот СоларВиндс.

Портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека ова е верижна реакција на земјите од НАТО за поддршка на американските санкции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This