Пожaрот над хотел „Неда“ угaснат, екипите интервенираат кај далекуводот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот над хотел „Неда“ е комплетно угаснат, информираат од Месната заедница Галичник и додаваат дека екипите сега интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација и гасење.

„По консултација со командирот на противпожарната служба, ве информираме дека нема никаква опасност за куќите ниту потреба од евакуација. Ќе продолжиме да известуваме тековно од лице место“, велат од МЗ Галичник.

Претходно, хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер, соопшти Центарот за управување со кризи.

Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар, се наведува во соопштението.

Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник.

Пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This