Истражувањата покажуваат: Колку штити по една доза од вакцините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До овој момент, повеќе од 141 милион Американци и над 33 милиони Британци ја примиле првата доза вакцина против ковид-19.

Според истражувањето спроведено на 375 000 луѓе во Велика Британија, вакцините од „Фајзер“ и „Астра-Зенека“ обезбедиле 72% заштита од симптоматска инфекција со ковид-19. Студиите наведуваат дека заштитата од една доза на вакцината трае најмалку 10 недели, но дека добивањето втора доза е од големо значење затоа што тогаш заштитата на „Фајзер“ се зголемува на 90%.

Друга теренска студија од Шкотска, објавена во Лансет, покажала дека единечна доза вакцина „Фајзер“ е 91% ефективна против хоспитализација, 28 до 34 дена по вакцинирањето. Единечна доза вакцина „Астра-Зенека“ заштити 88% од тешките симптоми што би довеле до прием во болница.

Студија спроведена во Англија покажала дека единечна доза вакцина „Фајзер“ или „Астра-Зенека“ го намалува ширењето на симптоматска инфекција кај членови на едно семејство за 50%, пишува Business Insider.

„Фајзер“ штити најмалку 80% по првата доза
Според документите на Управата за храна и лекови на САД (ФДА), првата доза на „Фајзер“ била 52,4% ефикасна во заштитата од симптоматска инфекција со ковид-19. Сепак, оваа проценка, исто така, вклучува и период од 11 дена пред почетокот на првата доза, така што вистинската заштита треба да биде поголема и да изнесува помеѓу 29,5% и 84,5%.

Според податоците од клиничките испитувања, првата доза на „Фајзер“ била 100% ефикасна во заштитата од хоспитализација и смрт.

Медицинскиот статистичар Стивен Еванс од Универзитетот во Лондон вели дека, врз основа на целокупната проценка на податоците на ФДА, постојат „прилично јасни докази“ дека една доза вакцина „Фајзер“ штити најмалку 80%, ако не и 90 %, од симптоматска инфекција со коронавирус.

„Модерна“ – најмалку 80%
Вакцината „Модерна“ била 69,5% ефикасна во спречување на симптоматски коронавирус помеѓу првата и втората доза за време на испитувања врз луѓе, со вистинска вредност помеѓу 43,5% и 84,5%.
Оваа проценка од 69,5% исто така, го вклучува периодот од 13 дена пред да започне да функционира вакцината, така што реалниот процент треба да биде поголем.

Еванс вели дека врз основа на достапните податоци, вакцината на „Модерна“ обезбедува најмалку 80% заштита по првата доза или поверојатно повеќе од 90%, во рок од 28 дена од почетокот на дејството.

„Астра-Зенека“ штити најмалку 70% по првата доза
Според студијата објавена на 19 февруари во Лансет, единечна доза „Астра-Зенека“ била 76% ефикасна, со 90 дена заштита од симптоматски ковид-19. Експертите во студијата наведоа дека единечна доза обезбедува 100% заштита од хоспитализација.

„Џонсон и Џонсон“ – 66%
Вакцината „Џонсон и Џонсон“ започува да штити 14 дена по вакцинирањето и обезбедува 66,1% заштита во следните 28 дена. Ефикасноста на оваа вакцина варира од земја до земја. Во САД, оваа вакцина била ефикасна 72%, во Јужна Африка 64% и во Бразил 68%, но треба да се напомене дека во Бразил и Јужна Африка има соеви кои можат да бидат до одреден степен отпорни на антитела формирани по вакцинацијата со оваа вакцина.

Извор: Индекс.хр

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This