April 28, 2024, 11:25 am

ПОЗНАТА БРЗИНАТА СО КОЈА СЕ ДВИЖЕЛ АВТОБУСОТ НА ДУРМО ТУРС: Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај село Ласкарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај село Ласкарци, пренесува „Алсат“.

Како што дознава телевизијата, истрагата се води во два правци.

Едниот утврдува објективни причини за нecреќата, како на пример, дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне cyдир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина.

Утврдено е дека непосредно пред нecреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.

Се утврдуваат и субјективните причини кои би можело да се причина за сообраќајката, пред сè, здравствената состојба на возачот, односно можноста неговото внимание, поради различни причини (телефон, пиење вода и сл.) да било оттргнато од патот.

Истрагата што ја спроведува група експерти од машинскиот факултет продолжува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This