ПОЗНАТА БРОЈКАТА НА МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ BPATИЛE: Досега 2.020 Македонци се вpaтиле дома и се во државен kapaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со интервенција на Министерството за надворешни работи, по воздушен и по копнен пат, досега од странство во земјава се вратени 2.020 македонски државјани. Со чартер летовите, организирани од страна на Министерството вратени се 1.275 граѓани. Досега, помош од МНР побарале 5.228 лица, а од нив 2.890 се согласиле да бидат минимум 15 дена во задолжителен државен карантин и да ја платат цената на билетот, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Значи ние имавме два повика со цел да им помогнеме на нашите грѓани кои се затекнаа во странство во услови кога комуникациите, границите, аеродромите и редовните летови се затворија, да се вратат. Имавме еден повик со рок до 22 март да се пријават, дали преку дежурниот тим на МНР, дали преку дипломатско-конзуларните претставништва. Вкупно помош побараа 5.228 граѓани, од кои 2.890 се согласија да бидат минимум 15 дена во задолжителен државен карантин и да ја платат цената на билетот. Ние организиравме повеќе чартер летови. Досега на овој начин вратени во земјата се 1.275 граѓани, веќе имавме три лета за Германија, ќе имаме уште еден лет да ги преземе останатите граѓани, изјави Димитров телевизија Алсат-М

На прашањето дали се уште има граѓани кои сакаат да се вратат во Македонија, министерот одговори дека уште се обидуваат да им помогнат во враќањето на првата група на граѓани.

Ние сега се обидуваме да ја завршиме првата група на граѓани, таа почетната. Пред се околу 93 проценти беа на нашиот континент, во Европа и затоа тука сме пред се концентрирани. Имаме и луѓе кои се на други континенти, меѓутоа нив им помагаме во соработка со други држави, рече Димиторв, посочувајќи дека дел од нашите државјани во Јужна Америка се вратени во Европа со помош на Австрија и Португалија.

Во врска со тоа дали нашите Амбасади имаат капацитет да се справат со ситуацијата, тој нагласи дека дипломатските претставништва се под голем притисок, бидејќи немаат голем персонал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This