Покpaj здpaвството и cyдство ќе paботи со дoнaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Каде Владата ги проши народните пари од државниот буџет, плус парите и од задолжувањата? Има ли власта план и стратегија како и каде да вложува со цел, побезбедно и поефикасно функционирање на државните институции во време на пандемија?

Место да дели трошки од историски најголемиот Буџет на Македонија, со ребалансот требаше да одвои поголеми суми за непречено и побезбедно функционирање на институциите, а не да дозволи целокупното државно функционирање да се сведе на донации.

Во низата институции кои функционираат со помош на донации се најде и судството. Новиот протокол за работа на судовите, кој вчера беше промовиран, е изработен со техничка и финансиска поддршка на ОБСЕ и ќе биде испечатен и дистрибуиран низ судовите во земјава.

Вчера беше одлучено дека во Македонија нема услови за одржување на онлајн судења и дека истите мораат да се одржуваат со физичко присуство на сите засегнати страни во судница.

Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 во судовите, вчера го промовираше Здружението на судии и тој предвидува, задолжително носење заштитна маска и држење социјална дистанца, како и мерење телесна температура на влез во судската зграда, дезинфекција и проветрување на судниците.

Со финансиски средства од ОБСЕ, изработени се 10 илјади флаери и 900 постери кои ќе бидат распределени низ сите судови во државата.

Покрај судството и здравството кое, во ова време на здравствена криза, во кое власта, наместо вниманието да го насочи и безрезервно да вложува во здравствениот персонал и во услови за подобар третман на заболени, тоа функционира од донации од светските држави и од приватни фирми.

Во здравството, кое е најзадолжено за справување со здравствената криза, место сериозни државни капитални инвестирања, сведоци сме на секојдневни примања на донации. Пред некој ден беа донирани 60 респираторни машини од страна на НАТО, во вредност од 1,4 милиони евра. И брзите тестови со кои министерот за здравство, Венко Филипче се фали, место државата да ги обезбеди истите се донација од прифатни фирми.

Донации во здравството имаше од многу држави и приватни фирми, почнувајќи од заштитни маски, ракавици и скафандери до лекови како Фавипиравир (Авиган), кој беше донација од јапонската амбасада во Македонија.

Неспорно дека донациите се потребни и добредојдени, но една сериозна Владаа не смее да си дозволи целокупното функционирање да го заснова на донации. И имаше време, цело лето, кога вирусот беше посмирен, да се подготват во секоја област, особено во здравството за да обезбедат капацитети и средства за, колку толку, понормално функционирање.

Но, веќе стана јасно зошто се потребни донации во сите области за државата да може да функционира. Тоа се должи на она што Владата не сака многу да инвестира во македонските институции. Ова можеме да го видиме во расходната страна, на вториот за година, ребаланс на буџет кој ќе биде и историски најголем, во кој за антикризни мерки се одвојува само 8,2 проценти.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This