ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ ЗАВРШИ: Граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата токму поради катастрофалните политики на Заев и СДСМ, вели Николоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во утринската емисија на телевизија Алфа „Добро утро ,секое утро“ гостуваше потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Тој кажа дека политичката криза во Македонија трае долго време и дека голем дел од граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата токму поради катастрофалните политики на Заев и СДСМ .

Николоски истакна дека Зоран Заев води скапо платена кампања во која сака да прикаже дека сите политички страни се исти која односно да го споредува ВМРО ДПМНЕ со корумпираноста на СДСМ. Тој кажа дека целта е едноставна и провидна а тоа е да македонскиот народ да ги бојкотира изборите додека Зоран Заев да може во калкулација со албанските гласови и со изборни нерегуларности кој што ги спрема да ја намали разликата на изборите.

– Идејата на кампањата е преку личности кои што се профилирани во десното гласачко тело како луѓе блиски,и на десницата сега или во минатото да пушти теза дека да Заев е лош тој е предавник тој е корумпиран но и ВМРО ДПМНЕ нема некоја разлика и нема што да понуди тука и најубаво е вие да си седите дома на избори и да го бојкотирате изборите. Целта е многу едноставна, провидна и знам дека граѓаните се мудри нема да помине таа цел а тоа е да граѓаните особено македонскиот народ остане дома со цел Зоран Заев да може во калкулација со особено албанските гласови и со изборни нерегуларности кој што делумно ги спрема да ја намали разликата со ВМРО ДПМНЕ. Тој не може да победи но целта на оваа кампања и акција е да ја намали таа разлика како него би го довело во поповолна позиција или во помалку лоша позиција.
Николоски појасни дека целта на ВМРО ДПМНЕ е да им објасни на граѓаните дека постои драстична разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ односно неспоредлива разлика каде на страната на СДСМ се наоѓаат бандити и криминалци однародени кој што ги продаваат македонските национални интереси додека на страната на ВМРО ДПМНЕ се наоѓаат јасно профилирани, квалитетни и чесни луѓе кои што се она што го ветиле ќе биде исполнето.

– Нашата цел е да им објасниме на граѓаните дека постои драстична разлика меѓу нас и СДСМ, неспоредлива разлика . На едната страна имате бандити, криминалци, однародени кои што ги продаваат македонските интереси. На другата страна имате јасно профилирани квалитетни и чесни луѓе кои што си ја сакаат државата кои што не лажат и нема да ветуваат чуда но она позади кое што го ветуваат ќе застанат а тоа е како што кажав подобрување на економијата, борба со корупцијата и враќање на македонското национално достоинство додаде Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This