ПОЛИЦАЈКАТА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО: Полицајката Јаначковска даде изјава во Јавното Обвинителството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицајката Јасмина Јаначковска која имаше инцидент со функционерот на ДУИ Беќир Асани денеска даде исказ во Јавното обвинителство.

По разговорот во Обвинителството, Јаначковска не даде изјава за медиумите.

Таа имаше инцидент со Асани пред трговскиот центар „Мавровка“ откако повика пајак служба за неговото возило поради непрописно паркирање.

Случајот предизвика интерес во јавноста бидејќи сведоци кои биле на местото на настанот тврдеа дека Асани ја нападнал полицајката вербално и физички.

На средбата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, таа изјави дека имала само вербална расправа со функционерот на ДУИ и оти самата се удрила во пајак возилото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This