ПОЛИЦАЈЦИТЕ БАРААТ НОВИ УНИФОРМИ: Синдикатот на полицијата бара нови униформи – полицајците молчеле поради притисоци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи, информираше дека МВР нема набавено нови униформи за полицијата и се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да шетаат во стара и искината униформа.

„Неколку пати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден датум не беше испочитуван. Бараме од МВР веднаш да набави нова униформа бидејќи летото го минавме со по една кошула, но зимата е пред нас и не знаеме што ќе правиме“, рече Ефремов.

Ефремов како претставник на синдикатот истакна дека полициските службеници се работно ангажирани речиси секој ден и дека се случува на работа да бидат повикани и два пати во денот, а нивното прано на неделен одмор е целосно ускратено.

„Полициските службеници се ангажирани на работа буквално секој ден, а не ретко и по два пати во текот на денот. Правото на неделен одмор е целосно ускратено, а приватниот живот речиси е невозможен. Невозможно е дури и да се испере она парче униформа што го имаат сочувано“, рече Ефремов.

Поради секојдневниот ангажман тој истакна дека тие се изнемоштени и речиси неспособни за работа, но поради стравот да не бидат прераспределени тие не говорат јавно.

„Со секојдневното ангажирање на полициските службеници тие се изнемоштени и речиси неспособни за извршување на работните задачи, но стравувајќи да не бидат прераспределени, исплашени се јавно да проговорат и затоа приватно се опремуваат, купуваат и шијат“, рече Ефремов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This