ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДЕНЕС ПРОТЕСТИРАА ВО СКОПЈЕ: Ниту едно од предвидените покачувања на платите не е реализирано, достоинството на полицаецот погазено!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска Независниот синдикат на полицијата одржуa мирен мото марш низ улиците на Скопје и прес-конференција пред Влада на РМ.

Претседателот на НСП најави дека овој мото марш ќе биде сличен како одржаното движење во Струмица кој се случи во месец август оваа година,  повикувајќи се на лошите услови во полицијата. Тие во барањето испратено вчера до Премиерот Зоран Заев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бараат итна средба за да разговараат за проблемите.

-Како Синдикат кој се грижи за своите членови како и за останатите вработени во МВР сметаме и должни сме да Ве потсетиме како Премиер и  Министер за Внатрешни Работи дека согласно планот за усогласување на платите за 2017 година во Буџетот на РМ беа предвидени две покачувања на платите по 5% и тоа вомај 2017 година првото и5 % во последното тримесечие на годината. До ден денес ниту едното ниту другото не се исплатени а да биде трагедијата поголема од досегашните изјави и увиди во предлог буџетот за 2018 година ниту „П“од Покачување и „У“ од усогласување нема, се вели во барањето на НСП.
НСП вчера на официјалниот Facebook профил го најави мирниот протест и ги повика сите колеги без разлика на синдикалната определба да им се придружат.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This