Полицискиот синдикат бара полицајците да бидат предвидени за вакцинација во прва или втора фаза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат известува дека денес доставил барање до Македонскиот државен врв за ставање во приоритетни приматели на вакцината за Ковид-19, бидејќи заедно со медицинските работници, тие се исто така изложени на првата линија на справување со Ковид-19.

Синдикатот бара вработените во наведените институции без разлика дали се членови или не на синдикалната организација сите да бидат предвидени во првата и втората фаза на имунизација.

Известувањето од Синдикатот.

Почитувани медиуми!

Претседателот на Македониот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев денес 10.02.2021 година  во име на членовите на Македонскиот полициски синдикат со писмено барање се обрати  до Владата на Република Северна Македонија –Премиер Зоран Заев,Министерството за здравство-Министер Венко Филипче, Министерство за внатрешни работи –Министер Оливер Спасовски, Директорот на Агенцијата за разузнавање –Директор Еролд Муслиу, Директорот на Агенцијата за национална безбедност  –Директор Виктор Димовски и Директорот на Управата за финасиска полиција –Директор Арафат Муареми  со следниот допис:

“Дозволете ми да Ви се обратам од името на членовите на Македонскиот полициски синдикат но и  во името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и  Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија со конкретно барање кое интегрално Ви го пренесуваме:
Имено, како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и  Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, со околу 8500 членови  будно ја  следиме  состојбата со пандемијата на COVID-19, во нашата  земја а притоа дозволете ми да потенцирам дека Македонскиот полициски синдикат  во изминатиот период имаше интензивни активности активно вклучувајќи се во дистрибуција на заштитна опрема за своите членови т.е вработените во АР, МВР, АНБ и  УПФ, но и за сите оние вработени во погоренаведените институции кои не се синдикално организирани, од причина што  во ваков драматичен период занас како синдикат  безбедноста и здравјето на сите вработени   е на прво место.
Ваквата наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата,  штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници.
Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат,бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува  во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против Ковид-19 да вработените во Агенцијата за разузнавање , Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и  УПФ, Владата   ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик  ондосно нивната имунизација биде планирана  во првата или најдоцна во втората фаза на имунизација бидејќи вработените во безбедносните служби  како вработени во едни од  највиталните институции кои во изминатиот период ја покажаа  својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19.
Со почит.


Македонски полициски сндикат
П р е т с е д а т е л
Д-р Марјан Кицев

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This