Полицискиот час и рестриктивните мерки остануваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов во Македонија на сила е забраната за движење, односно полициски час од 24 до 4 часот по полноќ, а според зборовите на министерот Филипче по опаѓањето на бројката на активни случаи и бројот на хоспитализирани, се очекува и дополнително опуштање на мерките.

Инфомакс го контактираше министерството за здравство за наводите дека се укинува полицискиот час и останатите рестриктивни мерки од каде накратко ни одговорија дека нема да има промена во рестриктивните мерки и истите ќе останат во наредниот период.

-Нема промена на рестриктивните мерки, истите остануваат и во наредниот период, велат од министерството.

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 333 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на КОВИД-19.

Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во КОВИД центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 15 во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети во КОВИД центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за КОВИД пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This