Полицијата нема судска наредба за спроведување на Јанкулоска, наводите дека избегала се шпекулации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата сѐ уште нема наредба од судот за спроведување на Гордана Јанкулоска која, со одлука на Врховниот суд е осудена на 4 години затвор во случајот „Тенк“.

„Преземаме стандарни полициски оперативни мерки и активности, а сѐ уште немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г. Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот“ – гласи одговорот на МВР за Фронтлајн по шпекулациите во јавноста дека Јанкулоска избегала од земјата.

Според нашите неофицијални информации, Јанкулоска е во земјата, поточно, се наоѓа во својот дом.

Шпекулациите дека избегала од земјата само ја отежнуваат работата на надлежните. Според законските одредби, МВР нема право да постапува без судска наредба. Во спротивно, би биле повредени низа законски процедури, вклучувајќи го и правото на приватност на Гордана Јанкулоска. Во случај на полициска интервенција без судски налог, би имала право на тужба за заштита на својата и приватноста на своето семејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This