Полскиот парламент го усвои koнтроверзниот закон за медиуми за кој се спротивставија САД и ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полскиот парламент го усвои законот за медиуми за кој критичарите реагираат дека е првенствено насочен против телевизискиот канал „ТВН24“, во сопственост на американскиот медиум „Дискавери“, што може да доведе до дипломатски спор со САД. Законот, кој не беше на распоредот за гласање, но беше вклучен во последен момент, сега треба да биде потпишан претседателот Анджеј Дуда.

Пратениците од опозицијата тврдат дека гласањето е одржано надвор од процедурата и затоа е незаконско и ги крши демократските стандарди. Тие предупредуваат и дека промената на правилата за странска сопственост ќе ја отежне работата на информативниот канал „ТВН24“ на американската медиумска куќа „Дискавери“.

Предложениот закон на почетокот на годината предизвика кавга меѓу Полска и САД, а освен од Вашингтон, законот доби критики и од Европската Унија.

Владејачката Конзервативна партија на правото и правдата (ПиС) тврди дека законот има за цел да ги спречи земјите како Русија и Кина да влијаат врз полските медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This