Мерцедес ќе почести 100.000 работници со бонус до 6.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дајмлер и Мерцедес-Бенц ќе прослават добра деловна година со плаќање дарежливи бонуси на германските вработени кои ги исполнуваат условите.

Одборот и работничкиот совет на германскиот производител на автомобили ќе исплатат бонуси со висина до 6.000 евра на приближно 100.000 квалификувани работници ширум земјата, изразувајќи благодарност за нивната работа во текот на годината отежната од пандемијата „Ковид-19“, но и недостатокот на чипови и доцнењето во производството.

Дајмлер се уште не ги објавил финансиските резултати за 2021 година, но истакнува дека била исклучително успешено година.

„Извонредниот развој на нашата компанија е тимско достигнување“, вели Сабине Кохлајсен, член на Управниот одбор на „Daimler AG“ и „Mercedes-Benz AG“, менаџерка за човечки ресурси и директорка за работни односи.

„Би сакала од се срце да им се заблагодарам на сите мои колеги кои придонесоа за ова достигнување со нивната голема посветеност. Бидејќи минатата година не беше лесна, среќна сум што можеме да им исплатиме на нашите вработени рекорден бонус.”

Дајмлер често им исплаќа бонуси на своите вработени во Германија, но таа сума не била толку голема како оваа година.

За споредба, германскиот производител на автомобили им обезбеди на вработените бонус од 597 евра на почетокот на 2020 година и еднократен бонус до 500 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This