ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА РЕАГЕНСИ ОД 36 МИЛИОНИ ЕВРА: Министерството за Здравство подготвува нов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што информира државниот секретар во министерството за здравство, Владимир Милошев „со новиот проект за лаборатории ќе се заштедат средства за нови инвестиции и постапката со тендерот ќе ја повториме, затоа што тоа е нешто што се случува насекаде, во сите развиени европски земји“.

Ова Милошев го објави на својот Фејсбук профил.

– Имаше шпекулации во однос на фирмата којашто настапи во постапката со тендерот за реагенси, меѓутоа фирмата беше странска и не беше само една. Беше конзорциум од повеќе, заради тоа што во својата понуда имаше понуди од повеќе компании. Ние приметивме и недостаток во нивната документација. Со огромниот притисок од јавноста, и со оглед на забелешките од второстепената комисија за јавни набавки, ние таа постапка ја прекинавме. Со новиот проект за лаборатории ќе се заштедат средства за нови инвестиции и постапката со тендерот ќе ја повториме, затоа што тоа е нешто што се случува насекаде, во сите развиени европски земји, напиша на својот Фејсбук профил Милошев.

Тендерот кој беше поништен беше во вредност од околу 36 милиони евра. Со овој тендер лабораториите за анализа на крв требаше да се централизираат, како дел од проект на Министерството за здравство за рационализација на трошоците и зголемување на ефикасноста во изработка на анализите. Место над 300 лаборатории во земјава, да има осум централни лаборатории од кои две во Скопје, односно на Клиниката за биохемија и во Градската општа болница „8 Септември“, потоа во болниците во Куманово, Битола, Охрид, Штип, Струмица и Тетово. Место 112 магацини низ земјава во кои сега се чуваат реагенсите, да има 8, каде ќе има одговорни лица кои ќе минат специфична обука.

При образложувањето на идејата, односно во почетната фаза на тендерот министерот рече дека нема да има дополнителни трошоци за пациентите, и дека резултатот ќе го добијат на исто место каде живеат. Според него нема простор за грижа ниту кај вработените во лабораториите во болниците низ земјава.

– Не треба да се грижат вработените бидејќи нема да има отпуштања и ќе останат на истите работни места, изјави Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This