Попис мало сутра? – Нема попишувачи, а од пријавените само половина се вakцнирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од здравствен аспект, пописот ќе биде безбеден како да влезете во продавница да купувате намирници, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Тој изјави дека по домаќинствата нема да одат триесет луѓе за да создаваат кластери, туку, според него, ќе оди еден попишувач кој ќе ги почитува сите протоколи.

Законски немаме право да ги лимитираме попишувачите со вакцинација. Сепак поставуваме такво прашање заради информација, а повеќе од половина од пријавените се вакцинирани, а останатите кои не се, имаат волја да се вакцинираат, рече Симовски на „Сител“.

За оние кои не се вакцинирани, а сакаат тоа да го сторат, првиот човек на Заводот кажа дека во соработка со здравствените власти ќе им обезбедат можност за вакцинација.

Јавниот конкурс на Државниот завод за статистика за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите требаше да заврши денеска, но потребниот бројот на попишувачи не е исполнет. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август. Конкурсот и овој пат ќе биде продолжен, бидејќи бројката на пријавени не е задоволителна, вели за весникот Вечер, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This