Попис ќе има: Подготовките се интензивираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 20 јули ќе биде објавен Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, кој ќе трае до 5 август, информира Државниот завод за статистика.

Оттаму посочуваат дека ги интензивираат организациските подготовки за претстојниот Попис 2021 кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември.

Со цел навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука, ДЗС го објавува Конкурсот со кој ќе се бараат 5055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони.

Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини.

Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги достават на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони.

Државниот завод за статистика ги повикува сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да се пријават на Конкурсот и да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа најголема статистичка акција која има извонредно значење за секој од нас, но пред сè, за државата во целина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This