ПОРАДИ ДРИСЛА ВО БАТИНЦИ ЧЕСТО ИМА ЛОША МИРИЗБА: Жителите бараат новиот директор да биде од нивното село

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Депонијата Дрисла од денеска е под надлежност на Град Скопје, при што станува Јавно Претпријатие. Веднаш беше разрешен директорот Горан Ангелов, а се очекува наскоро да се именува нов директор.

 

 

 

 

Село Батинце се наоѓа во близина на депонијата.
Жителите често се жалат на лоша миризба и загаден воздух од депонијата.

Амет Исмаили е консултант во депонијата Дрисла. Вели дека новиот директор треба да биде од село Батинце бидејќи селаните најдобро ја познаваат работата на депонијата.

„Мислам дека би било подобро новиот директор да биде од село Батинце, би било многу подобро бидејќи подобро ја познаваат Дрисла и нејзините проблеми. Селово најдобро го чувствува лошото и доброто од депонијата. Важно е директорот да биде од с. Батинце“ вели Амет Исмаили, Консултант во Дрисла.

Исмаили вели дека Дрисла не увезува опасен отпад. Инаку, бугарското обвинителство покрена истрага за компанијата за управување со отпад „Блацион“ бидејќи постојат сомнежи дека увезувала опасен отпад од Италија во Бугарија, во термоцентралата во Варна. Постојат сомнежи дека еден од соработниците на компанијата е и разрешениот директор од страна на Шилегов, Горан Ангелов. Пред неколку дена ОЈО соопшти дека не постојат докази за извршено кривично дело – увоз на опасен отпад.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This