April 28, 2024, 12:01 pm

Поразителна статистика: Македонија со двојно повеќе на новозаболени на ден на милион жители во ноември споредбено со земјите од соседството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на новозаразени во една земја е меѓу главните показатели за тоа колку владата и ресорното министерство умеат да се справат со коронавирусот, како и тоа каков резултат даваат мерките и протоколите предложени од Комисијата за заштита од заразни болести, додека пак смртноста во земјата покажува колку земјата е погодена од КОВИД пандемијата.

Имено, во Република Македонија бројот на новоинфицирани, но и на починати лица од коронавирус секојдневно расте, со што ситуацијата станува се поалармантна.

Официјалните бројки покажуваат дека вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата држава од почетокот на епидемијата изнесува 47.636, бројката на оздравени пациенти е 27.803, бројот на починати пациенти е 1345, додека бројот на активни случаи е 18488.

Република Албанија која има еден милион жители повеќе од Македонија, од почетокот па се до сега регистрирани се 28432 заболени, 631 починати и оздравени 13453.

Република Србија која има 7 милиони жители, до сега има регистрирано 87.381 заболени од корона вирус, починати 1030, а оздравени 31.539 граѓанин.И Република Бугарија го има истиот број на населени како Србија, а има 101770 заразени, 2282 починати и 30317 оздравени граѓани.

Додека пак нашиот јужен сосед Република Грција од почетокот на корона пандемијата има регистрирано 76403 заболени, 9989 оздравени и 1165 починати граѓани.

Ако се направи анализа на месец ноември, споредбено, Македонија со земјите од соседството јасно се гледа дека од 15 дена, Македонија во 7 дена е на најгорното место по бројот на новозаразени по број на милион жители.

Имено, на стартот од месец ноември, Македонија има 539 ново заболени на милион жители, додека пак Србија која е три ипол пати поголема од нас има само 267 ново заболени по број на милион жители, а веднаш потоа е Бугарија 259, Грција 197 и Албанија со 83 ново заразени и покрај тоа што Албанија има милион жители повеќе од нас.

На 2 ноември, Македонија брои 414 ново заболени по број на милион жители, Србија со двојно помалку односно 212, Бугарија со 7 милион жители брои 176 ново заболени на милион жители, Грција 160 и Албанија со 113.

На 3 ноември, има промена во местата, односно овој ден Бугарија се издвојува како земја со најмногу заболени на милион жители односно 349, додека веднаш по неа е Македонија со 269, Србија со 117, Албанија со 111 и Грција со 110 ново заболени на милион жители.

На 4 ноември повторно нашиот источен сосед Бугарија е прва по број на новозазарени на милион жители со 581, додека веднаш по неа е Македонија со 437, па Србија со двојно помалку односно 275, Грција со 207 и Албанија со најмал број на ново заразени со само 132 жители.

На петтиот ден од ноември, Бугарија има само 13 жители на новозаразени повеќе од Македонија, односно 583, а Македонија 570. Веднаш по нив е Србија 354, Грција 253 и Албанија 137 ново заразени по број на милион жители, што е за 4 помалку на ново заразени по број на милион жители.

На 6 ноември Македонија повторно е на водечко место од соседните држави по број на новозаразени, со 611 жители, па Бугарија со 540, Србија со 320, Грција со 279 и Албанија повторно со најмалку 146 новозаразени по број на милион жители.

Податоците говорат дека на 7 ноември Бугарија има 552, Македонија 540 новозаразени по број на милион жители. Но, ако се земе предвид дека Бугарија е три ипол пато поголема од Македонија, тогаш и овој податок на само 12 повеќе заразени за овој ден е катастрофален резултат за нашата држава. Како трета земја е Србија 335, Грција со 234 и Албанија со 169 ново заразени по број на милион жители.

На 8 ноември, Македонија има повеќе новозаразени на милион жители од Бугарија и Грција заедно. Односно Македонија има 615, па потоа Србија со 393, како трета земја е Бугарија со 331, Грција со 245 и Албанија со најмал број на новозаразени по број на милион жители односно само 172 жители.

На 9 ноември, Македонија има 469, Србија 310, Грција 181, Албанија 174 и Бугарија овој пат е со најмал број на новозаразени по број на милион жители со 97 лица.

На 10 ноевмри, повторно има промена во статистиката, односно на овој ден Бугарија е на првото место со 549, па Македонија 247, трета земја која е исто три и пол пати поголема Србија има само 193 ново заболени на милион жители, Албанија 182 и Грција 142.

Од ова може да се забележи дека Грција и Албанија кои заедно имаат 14 милиони жители, заедно имаат помалку новозаразени на милион жители од Македонија.

На 11 ноември Бугарија има 631 новозаразен по број на милион жители, па Mакедонија со 454, Србија 414, Грција со 228 и Албанија 195 ново заразени на милион жители.

На 12 ноември Македонија повторно се искачува највисоко на табелата по број на новозаразени на милион жители со 632, додека Бугарија е втора со 567, Србија 519, Грција 263 и Албанија со 176 ново заразени на милион жители.

Или Македонија повторно има најголем број на новозаразени на милион жители и од Грција и Албанија заедно.

На 13 ноември Македонија има 621, Бугарија 491, веднаш по неа со само 9 новозаразени помалку или 490 Србија, Грција со 318 и Албанија со 142 новозаразени по број на милион жители.

На 14 ноември Бугарија е со 606 новозаразени на милион жители, Србија со 514, а веднаш по неа е Македонија со само 4 помалку новозаразени на милион жители или 510. Грција и Албанија повторно имаат најмал број односно 291, или 170 ново заразени по број на милион жители.

На средината на месецот, односно на 15 ноември има мала промена, но од бројките може да се забележи дека не е голема, бидејќи Србија е на прво место со 561 ново заболени, но веднаш по неа е Македонија со само 3 помалку новозаразени или 551 новозаразен по број на милион жители. Веднаш потоа е Бугарија со 359, Грција со 271 и Албанија со 185 ново заболени на милион жители.

Од податоците јасно се гледа дека Македонија убедливо е на највисокото место кога станува збор на новозаразени на милион жители споредбено со соседните земји, но имајќи во предвид дека Македонија е со две милионско населени овие податоци се загрижувачки од аспект на тоа дека Македонија со некои земји кои се по три ипол или пет ипол пати поголеми од нашата  има двојно,  дури некои денови и тројно повеќе новозаразени по број на милион жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This