Поранешниот потпретседател Џо Бајден ѝ го честита празникот Илинден на македонската заедница во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обединета Македонска Дијаспора, ОМД, невладина, непартиска, непрофитна организација на Mакедонците ширум светот, му се заблагодари на Џо Бајден за следнава изјава:

Џил и јас испраќаме честитки до македонско-американската заедница, која што го празнува Илинден и антифашистичката декларација од 1944 година. Овие настани ја поставија основата за суверена, плуралистичка и мултиетничка република, која САД се горди да ја наречат пријател и сојузник, и која е длабоко почитувана членка на евроатлантската заедница“, се вели во изјавата на Бајден.

Тој рече дека Американците со македонско потекло, го зацврстиле и збогатиле американското општество.

Како пријател на Американците со македонско потекло, го празнувам со вас успехот на македонско-американската заедница. Вие сте потсетник дека САД остануваат инспирација за надеж, слобода и можности“, рече Бајден, нагласувајќи дека како претседател би работел на постигнување помирна и попросперитетна евроатлантска иднина на целиот регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This