April 27, 2024, 12:24 pm

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ИСКРЕН СТАТУС НА ФБ: Милиони и милиони државни пари се слеваат на сметки на спонзори на СДСМ и фирми на кланот, а граѓаните тонат во сиромаштија со економија која е НУЛА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски напиша искрен статус на својот Фејсбук профил за актуелните политички случувања во Македонија. Тој истакна дека, власта се однесува антидржавно и антиевропски кога преку Фондот за иновации распределува милиони на фирми блиски до власта, антимакедонски и антинато кога се обидува да земат 35 милиони евра од наместен тендер за проект штетен за македонското здравство.

Столиковски напоменува дека Македонија се движи кон изолационизам кога милиони и милиони државни пари се слеваат на сметки на спонзори на СДСМ и фирми на кланот, а граѓаните тонат во сиромаштија со економија која е НУЛА!

– Антидржавно и антиевропски е да се распредели фондот за иновации на фирмите на вицепремиерот, на советничката на премиерот, на пратеници на власта.
Антимакедонски и антинато е обидот да се земат 35 милиони евра од наместен тендер за проект кој е лош за здравството и на штета на македонските граѓани.
Изолационизам е однесувањето кога милиони и милиони државни пари се слеваат на сметки на спонзори на СДСМ и фирми на кланот, а граѓаните тонат во сиромаштија со економија која е НУЛА!
На Зоран Заев и на 40-мината негови пратеници им е јасно дека се прочитани, дека обвинувањата кон опозицијата се смешни и дека нивното предавство нема да им помине затскриено под ЕУ и НАТО.
Дури и ЕУ и НАТО ги прочитаа и ги одложија интеграциите за друго идно време, напиша Стоилковски на својот Фејбсук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This