ПОСЛЕДИЦИ ОД HECOBECHOCTA НА ДOKTOPKATA: Уште едно meдицинско лице од Клиниkaта за koжни болecти зapaзено со кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти за уште еден нов пациент дел од персоналот на Клиниката за кожни болести во Скопје, по направени тестови во изминатите 24 часа.

Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица кои се вработени во кожната клиника. Ова следува откако ексдиректорката на болницата Нина Цаца Биљановска се врати од Италија и не се изолираше согласно препораките, туку одеше на работа. Подоцна, нејзиниот тест за коронавирус беше позитивен.

-Регистрирани се 24 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Има уште еден пациент поврзан со кожната клиника во Скопје. Вкупната бројка до 12 часот е 201 лице. Од скопската Инфективна клиника е отпуштен уште еден пациент, чии два контролни тестови се негативни. На Клиниката за инфективни болести испишан е еден пациент од Дебар, во добра општа состојба со два негативни последователни теста, рече Филипче.

Министерот информриаше дека е стабилна состојбата на пациентите од Штип.

-Добра е состојбата во Штип, малото девојче, мајката и бабата се во стабилна состојба. Во текот на идната недела според скринингот во одредени градови ќе се тестираат пошироки групи на лица кои патувале во земји во кои има ризик или биле во контакт со заболено лице. Уште пошироки групи ќе се тестираат во текот на идната недела, се спремаат мобилните екипи, кажа Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This