Последниот ден на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Мое тело, мој избор овој слоган ги одбележа сите оние протести ширум Европа посветени на либерализација на како што тврдеа либералите „правото на жената“ на абортус.

Е сега во 21 век среде Европа во големите демократии твоето тело веќе не е твој избор. Без разлика дали се согласувате со концептот на абортус и абортус во подоцна фаза од бременоста најголемите поддржувачи на оваа неолиберална идеологија сега се најсреќни за фактот што на невакцинираните ќе им биде забpaнето да одат во ресторан, кафуле на свадба и други големи настани без потврда за вакцинација.

Иако не сакам премногу да навлагам во темата, со абортусот дефакто згаснува човечки живот, а за невакцинираните се тврди дека загрозуваат други човечки живот кои би можело или не да згаснат.

Но доколку вакцината за која веќе е општо прифатено дека не спречува заразување, ниту пренесување на болеста навистина штити од тешки симптоми и смрт тогаш вакцинираните и властите реално нема од што да се плашат.

Низ историјата како и со пандемијата се покажало дека државата ниту системот не се способни да ги заштитат своите граѓани од големи катастрофи и несреќи, па така си земам за право дека тоа не можат да го сторат ниту сега.

Со ковид пропусниците, сакале или нејќеле ние сме на чекор до едно тоталитарно општество во кое можеме да заборавиме на човековите права и слободи.

Веќе подолг период светот е во локдаун, сеприсутни се мерки кои драстично ги нарушуваат човековите права и слободи, а како што рекол таткото на американската нација Бенџамин Френклин „Оние кои за сигурност доброволно се откажуваат од своите права и слободи не заслужуваат ниту сигурност, слобода“.

И по две години милијарди дози вакцини и драконси мерки светот се уште го нема поразено својот непријател, пандемијата на коронавирус.

Во април 2020, Шведска беше меѓу десетте земји најтешко погодени од пандемијата на коронавирус. Дневниот број на смртни случаи се искачи над 100, над 500 пациенти заразени со коронавирус беа на интензивна нега, а ситуацијата беше посебно тешка во домовите за стари лица, каде што инфекцијата брзо ги одзеде животите на шведските 80-годишни и 90-годишни граѓани.

Светот ја следеше ситуацијата во неверување, посебно имајќи предвид дека главниот државен епидемиолог Андерс Тегнел ја усвои стратегијата со многу препораки, но со многу малку реални ограничувања.

Многу експерти оценија дека Шведска експериментира со сопствената популација, дека десетици или дури стотици илјади луѓе ќе починат до лето, и дека здравствениот систем ќе се распадне под налетот на пациентите. За време на растечката пандемија, кога немаше вакцини или напредни медицински третмани, изјавите на шведскиот епидемиолог со светска слава, 71-годишниот Јохан Гиесеке, ментор на Тегнел и еден од неговите претходници, за британската платформа UnHeard беа целосно шокантни и речиси спротивни од правецот во кој се движеше цела Европа.

Денес, 15 месеци подоцна, веќе нема сомневање дека Тегнел и Гисеке, во најмала рака, не беа целосно во грешка. Иако основните училишта одржуваа настава нормално, иако сите продавници, трговски центри, ресторани, градинки, кина, јавен превоз, спортски сали, скијачки центри, кафулиња и други активности беа отворени, иако немаше заклучување, задолжително носење маски или затворање на границите, Шведска денес стои подобро од повеќето европски земји. Како и според вкупната смртност од Ковид-19, и според стапката на смртност за време на пандемијата и падот на економските активности.

1216247962

Вкупно 14.656 шведски државјани починаа од коронавирус , истакнувајќи дека во бројката се вклучени и починатите кои имале позитивен ПЦР тест, без оглед на причината за нивната смртта. Во болниците има 109 пациенти дијагностицирани со Ковид-19, од кои 16 се на одделенија за интензивна нега. Во изминатиот месец, 1.500 до 2.100 нови инфекции неделно се регистрирани на национално ниво, додека во најлошите пандемски денови, кон крајот на декември 2020 година, имаше до 10.000 нови случаи за 24 часа. А замислете немаат ниту ковид пропусници.

Со оглед на обвинувањата за „убивање на старите лица” на почетокот на пандемијата, моменталната позиција на Шведска на листата на земји според стапката на смртност од почетокот на пандемијата со Ковид-19 е посебно интересна. Американскиот Универзитет Џон Хопкинс, кој веројатно има најточни податоци, ја рангира Шведска на само 38. место во светот и 25. во Европа, со вкупно 142,48 смртни случаи од коронавирус на 100,000 жители од почетокот на пандемијата. Хрватска е на 18. место, со стапка на смртност од 202,8.

Морам да го напоменам она што веќе подолго време го пишувам и го говорам, во светот владее една антихуманистичка идеологија чија цел е да има што помалку луѓе на планетата.

Во таа насока се движи и пандемијата со коронавирусот за која од првиот момент се бара вакцина, а не лек.

Дел од оваа антихуманистичка идеологија е идејата за глобално затоплување предизвикано од човекот.

Се работи за една монструозна идеологија со единствена цел да се прикаже човекот како штеточина на планетата земја, бескорисно суштество создадено само да ги уништува убавините кои ги создала природата.

Истовремено додека ни продаваат приказни дека треба да ја поштедиме и спасиме планетата човекот го прават обичен конзумер на добра кои дефакто ја уништуваат планетата и природата, почнувајќи од литиум јонски батерии завршувајќи со останати хемикалии и издувни гасови.

Овие добра кои ни го замајуваат умот и не дистанцираат од реалноста имаат за цел да ја заборавиме основната биолошка цел на секоја единка, а тоа е продолжување на родот.

Човекот е единствено нешто во универзумот кое се коси со законите на природата, односно може да произведе и создаде повеќе од тоа што ќе потроши.

Човековиот ум е најзначајниот природен ресурс, повреден од злато и било кој благороден метал бидејќи ја има дарбата да твори да создава и да ја прилагодува планетата за своите потреби, а со малку работа можеме да ја направиме подобро место за живеење за себе и за сите останати организми со кои ја делиме планетата.

Тие што ги контролираат светските текови знаат дека апсолутна моќ можат да имаат само доколку го контолираат човековиот ум.

Колку повеќе умови се слободни толку е послаба е нивната моќ.

Да се потсетиме на големиот Џордано Бруно кој своите истражувања ги плати со својот живот, овој голем научник на ренесансата му докажа на човекот дека тој не е центарот на универзумот и дека ѕвездите се далечни сонца околу кои се вртат други планети.

Истите луѓе кои денес се радуваат и ги пропагираат Ковид пропусниците сега се залагаат за „наука“ (читај религија) би го запалиле Џордано Бруно на клада во средниот век затоа што не верувал во она што верувало мнозинството тогаш, иста е состојбата на умот. И денес се сегрегира и шиканира, омаловажува секој оној го размислува поинаку од свештениците (читај научниците).

И тогаш како и сега свештениците биле најучените луѓе, но историјата покажала дека и покрај акумулираното знаење во своите редови тие не секогаш и за се биле во право.

Кога науката ќе стане религија, нормално е да се појават догми.

Кога поради пари и интереси ќе ја запреш и цензурираше научната дебата, нормално е дека нема да најдеш решение за проблемот (читај Ковид 19).

Не знам колку сте упатени, но Гугл, Фејсбук, Твитер, Јутуб и останатите технолошки гиганти целосно се посветени на цензурирање на секој еден став поинаков од научниот консензус кога станува збор за голем број прашања.

За да се уверите доволно е да напишете на Гугл „лек за рак“, пребарувањата веќе одамна се прочистени од Гугл за на народот да не му се појави ниту една таква објава на интернетот бидејќи научниот консензус тврди дека лек нема.

Не тврдам дека постои лек, но тука веќе се надѕира фактот дека самиот Гугл не е обичен пребарувач на интернет туку контролирана машина која си зема за право да каже определи што е вистина, а што лага, што е наука, а што псеудонаука нешто што некогаш го правела црквата.

Науката како и човекот учат од своите грешки, но во едно тоталитарно општество во кое се е однапред определено тоа не е дозволено. Како очекувате да се најде решение за пандемијата со коронавирусот кога само „официјалните“ извори како Светската здравствена организација се прифатливи за технолошките гиганти, а обичниот народ може само нив да ги чита.

Да се потсетиме само на ставот на СЗО за маските и потеклото на вирусот, најпрво маските правеа повеќе штета отколку што штитеа за потоа да станат сеприсутни, за потоа нивното неносење да биде уредено со закон во голем број држави.

Потеклото на вирусот беше природно во првата година од пандемијата, за сега и СЗО да се посомнева дека вирусот е направен во лабараторија.

Во моментот кога Кина држеше 20-тина милиони граѓани во строг карантин, заваруваше врати од згради, СЗО тврдеше дека се уште не е потврдена трансмисија од човек на човек, а заедно со либералите во светот критикуваа држави кои ги стопираа летовите кон Кина за да го заштитат своето население.

Неспособноста на СЗО чинеше милиони жители и покрај дебелите милијарди кои ги земаат од државите, но и донатори како што се Клинтон фондацијата и Бил и Мелинда Гејтс фондацијата. За трагедијата да биде уште поголема најголемиот дел од парите кои ги добиваше до пред пандемијата СЗО ги трошеше за патни трошоци, односно повеќе пари имаше дадено за патни трошоци отколку за борба против СИДА, ебола и туберкулоза заедно.

Ова значи дека и СЗО може да згреши, но на нив им е дозволено, а секој друг кој има поинаков став по однос на пандемијата ќе биде цензуриран и „мртов“ во онлајн светот.

Е сега да се вратиме на главната тема, а тоа се ковид пропусницие кои се појавија во Македонија и во целиот свет.

Кој оди во кафуле, кафеана, ресторан, кино, театар? Младите, а колкава е смртноста кај младите од коронавирус? Никаде не можете да најдете… Зошто? Бидејќи ако напишете на Гугл „death rate of covid in young adults“ ви излегуваат илјадници постови од кои мнозинството се копи пејст како делта сојот предизвикува голема стапка на хоспитализација кај младите. Да не беше трагично ќе беше смешно…

Се поставува прашањето зошто како и за сезонскиот грип најпрво не се вакцинираат старите и хронично болните оние со коморбидитети за кои знаеме дека се во ризичната група да имаат тешка клиничка слика од коронавирусот?

Зошто се форсира вакцинација на шуто и рогато?

На тоа прашање треба да одговорат експерите… Јас не можам.

Македонија на 15 август се буди, како што веќе пред неколку месеци се разбуди целиот свет, со масовни протести против ковид пропусниците и задолжителната вакцинација имаше во Франција, Германија, Италија, Австралија, Шпанија и многу држави.

Бидејќи мерките и се што се случува за време на пандемијава се коси со здравата логика јас наместо во канцеларија или дома ќе бидам на улица да протестирам за она за што човекот се борел со векови да го добие, а тоа е слобода.

Ќе направам се да не дозволам мојата генерација да го живее последниоте ден на слобода на планетата земја.

Слободата многу тешко се добива, а многу лесно се губи. Toкму затоа ги повикувам сите оние кои ќе го прочитаат овој текст, вакцинирани или не да кажат доста е на 15 август! Да излезат на улица и стават крај на Ковид тиранијата, додека не е доцна! Протестот започнува во 19 часот пред Собранието на Република Македонија!

Се гледаме пред Собрание!

Ебати животот ако не си спремен да умреш за него!

Пишува: Милош Милошевски

Линк од протестот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This