ПОСТАВЕНА БИЛА ПОТРЕБНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА: Повpeдениот полицаец чиј колега зaгинa вели дека патот бил обезбедyван со сигнализација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицаецот Ф.Ш. има тешка повреда на лактот, додека неговиот колега П.Ѓ вчера почина откако во нив удри автомобил на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода, пренесува Телма.


Повредениот полициски службеник за телевизијата кажа дека теренот го обезбедувале четворица полицајци во вечерните часови бидејќи затекнале тројца повредени патници во претходен судар на две возила.

Тој тврди дека автомобилите со сигнализација биле усмерувани на бавната коловозна лента и не му е јасно како дошло до инцидентот откако Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој го управувал возилото „форд фокус“ со кичевски таблички удрил во нив и потоа бил лишен од слобода.

Јавен обвинител остражува како дошло до тешкиот инцидент, односно што точно се случило на фреквентната но недоволно обезбедена делница. Овој автопат е во тотален мрак во вечерните часови. Полициски службеник претходно загина на сличен начин на патот Куманово-Свети Николе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This