ВЛАСТА НЕ СЕ СОГЛАСУВА: СДСМ го одби предлогот за технички министер за внатрешни работи, предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи друг кандидат за технички министер за внатрешни работи и оценува дека по отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот што опозициската партија го изнесен на синоќешната лидерска средба е спротивен на Уставот.

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април, соопшти попладнево СДСМ.

Според партијата, Уставот е јасен и оти согласно со членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција. Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат, нагласува СДСМ.

Не може, истакнува партијата, да се повикувате на право, а да промовирате предлози спротивни на Уставот.

Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип. Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози, наведува СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This