ПОТВРДА ЗА СПPEГАТА НА ВЛАСТА СО МЕДИУМИТЕ: Газдата на „Фактор“ стана претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието денеска со 54 гласа „за“ го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување. Шајноски беше предложен од Владата во ноември, по истекување на мандатот на неговиот колега Климе Попоски.

Но она што никој досега не го споменува е фактот што Шајновски е сопственик на порталот „Фактор“ кој важи за исклучително провладино ориентиран, па се шпекулира дека токму ова е причината зошто тој седна на оваа важна државна позиција. Уредувачката политика воопшто не е проблематична, но проблематичен е фактот што тоа што досега го одработил за Заев се исплаќа со државна функција и од џебот на граѓаните.

На неговото именување реагираше и опозицијата, односно пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска која праша кој му бил мотивот на Шајноски, да биде дел од оваа институција кога во минатото бил поборник за остварување на професионалците во приватниот сектор.

„Шајноски велеше, дека не е престиж еден експерт да работи и се оствсрува во државна администрација. Не сакам да навлегувам во неговото CV, но ме интересира зошто одеднаш му стана толку примамливо да биде дел од оваа регулаторно тело”, рече Кузмановска од собраниската говорница.

Имено таа посочи дека за јавноста, за граѓаните господинот Крсте Шајноски неговиот целокупен ангажман досега, како колумнист во неговиот портал со целосни напади кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ, како главен учесник на протестите на кампот „За слобода„ и целокупната негова активност всушност допринесува да тој биде награден и сега биде ставен на ова регулаторно тело.

-Така да колеги кои треба да изгласате партиски човек, кој за жал многу голем дел од неговите колумни говореше и против вас, треба денес да го изгласате господинот Крсте Шајноски како претседател на ова регулаторно тело. Истиот кој во своите колумни пишуваше „Никаде во нормалниот свет луѓето не сакаат да работата во администрација, нема потреба, најважно е да работите во приватниот сектор и таму да остварите свој приход“, додаде пратеничката.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This