April 26, 2024, 12:49 pm

Потврден температурен рекорд на Арктикот од 38 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верхојанск се наоѓа во источен Сибир, на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг и таму се следат метеоролошки податоци од 1885 година.

Според веб-страницата на СMO, просечните температури над Арктичкиот Сибир биле дури 10 степени над нормалата во поголемиот дел од минатото лето, што доведе до големи пожари.

Генералниот секретар Питер Талас изјави дека во 2020 година е поставен нов температурен рекорд (18,3 степени Целзиусови) на Антарктик.

-Истражувачите на СMO во моментов работат на проверка на температурните отчитувања од 54,4 степени забележани во 2020 и 2021 година во најтоплото место во светот – Долината на смртта во Калифорнија и да потврдат нов европски температурен рекорд од 48,8 степени на Сицилија ова лето, изјави Талас.

Тој истакна дека СMO никогаш не работела во исто време за да потврди толку многу температурни рекорди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This