Потрошувачката кошничка за септември повисока од нecyдената просечна плата од 500 евра што ја вети Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикалната кошница за месец септември изнесува 33.621 денари. Според ова македонските граѓани најмногу пари трошат на основни потребни како што се храна и пијалаци. Инаку, според овие податоци потрошувачката кошница ја надминува последно објавената просечна нето плата за месец јули која изнесува 27. 231 денари.

Премиерот Зоран Заев континуирано ветуваше плата од 500 евра но ништо не се оствари од ветувањето. Имено, според експертите реално платите во државата не растат затоа што паралелно цените енормно се покачуваат. Ова според нив е причината зошто Македонија една од државите со најнизок стандард на живеење каде луѓето едвај можат да го обезбедат основните потреби за живот.

Сегашната владата ветуваше и намалување на cиромаштијата и висок стандард на живеење но според експертите и оние мерки кои се донесени за време на корона кpизата не се правилно насочени што значи дополнителна долгорочна штeтa на економијата.

Со коронa kpизата дополнително голем број на граѓани ги изгyбија своите работни места дури 40.000 само од почетокот на КОВИД-19 со што се прогнозира зголемување и на онака огромното ниво на сиромаштија.

И Светска банка во својот последен извештај прогнозира зголемување на cиромаштијата во Македонија. Инаку, над 400.000 граѓани во Македонија живеат на работ на егзистенција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This