ПОЧИНА БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ БИЛ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ДАЛИ ИМАЛ КОРОНАВИРУС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолчанец кој се вратил од Канада во Македонија, вчера попладне починал во својот стан во Битола на улица Димче Лахчански, известува ТВ21.

Како што објави ТВ 21, станува збор за маж на возраст од околу 60 години, кој по враќањето од Канада бил во самоизолација.
Битолчанец за кој нема точни информации од каде се вратил во Македонија, попладнево починал во својот стан во Битола на улица Димче Лахчански, дознава ТВ21.

На терен биле екипи на полицијата, брза помош, Центарот за јавно здравје и пожарната.

Контактиравме преку телефонскиот број на Клиничкта болница во Битола, од каде не упатија да контактираме со портпаролот, тој пак рече дека не е надлежен и дека за изјави треба да ја бараме директорката или пак техничкиот секретар. Техничиот секретар, кратко ни одговори да се обратиме утре до нив, а директорката воопшто не успеавме да ја добиеме.

„Имаме пријава за починато лице На 30.03.2020 во дом на ул. Д. Лахчански пронајдено е починато машко лице, извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, велат од СВР Битола за ТВ21.

Како што дознава ТВ21, станува збор за маж на возраст од околу 60 години, кој пред извесен период се вратил во Битола. Бил сам во станот, а вратата од станот била отворена со техничка помош.

Денешниот ден бил последен од 14 дневната самоизолација, но допрва ќе се утврдуваат причините за неговата смрт. Земен е брис и испратен во Скопје за тестирање на коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This