Почнаа да се апcaт антивакcepи ширум Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкото обвинителство ќе нареди апсење на антиваксерите кои ги повикуваат граѓаните да не се вакцинираат или кои не користат медицински услуги.

Причината е што ги загрозуваат сопствените и животите на другите.

Со тоа стапи на сила нова одредба од Кривичниот законик за ширење лажни вести.

Адвокатот Никос Антонијадис, кој долго време беше на чело на кампањите против вакцинацијата, беше уапсен денеска, а обвинет е за ширење лажни вести и поттикнување непослушност, објави Kathimerini.

Неговото апсење било наредено од обвинителството во Атина, кое веќе подолго време спроведува релевантни истраги за делувањата на антиваксерите.

Антонијадис, кој во меѓувреме е ослободен од притвор, тврди дека пациентите со COVID-19 биле интубирани без причина и дека вакцините имале последици по здравјето на пациентите.

Меѓународниот филмски фестивал во Солун доби неочекуван пресврт кога пред театарот каде требаше да започне церемонијата на доделување на наградите се појавија антиваксери, испраќајќи непристојни пораки до гледачите. Полицијата интервенираше за да запре околу 400 демонстранти кои маршираа низ вториот најголем град во Грција за да изразат противење на превентивните мерки против ковид. Демонстрантите на крајот си заминаа откако фрлија бројни летоци.

Италија: Претрес на станови, уапсени 17 лица

Италијанската полиција спроведе претрес на национално ниво против 17 антиваксери кои наводно биле поврзани со чет група на социјалната мрежа Telegram, која поддржувала насилство врз владини, медицински и медиумски личности.

Полицијата во Торино објави дека чет групата „Basta Dittatura“ (Доста е од диктатура) има десетици илјади членови и дека таа е главниот форум за организирање протести против италијанскиот дигитален ковид сертификат, пренесува AP.

Полицијата во соопштението вели дека со недели ја следела сега затворената група за разговори на Telegram и идентификувала 17 антиваксери кои, меѓу другото, се заканувале на италијанскиот премиер Марио Драги.

„Други мети на закани беа припадници на полицијата, лекари, научници, новинари и други јавни личности обвинети за, како што се наведува, поробување и соработка со диктатурата на власт“, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This