Почна фecтивaлoт на cвeтлocнaтa yмeтноcт „Skopje Light art district 2020“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот парк – вчеравечер започна третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District.

Фестивалот ќе трае до 22 август, а се одвива по однапред утврдена рута и за посетителите нуди многубројни светлосни инсталации кои ги оживуваат објектите во центарот на градот.

– Третото издание на фестивалот на светлината претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината. Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства, велат од Град Скопје.

Оттаму посочија дека за полесна комуникација, запознавање со уметниците и нивните дела, како и утврдената мапа за движење, Skopje Light Art District создаде и Андроид апликација која посетителите ќе можат да ја симнат на своите мобилни телефони и да ја користат за време на фестивалот.

Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This